ТАТКО СО ДВАЈЦА СИНОВИ ТИНЕЈЏЕРИ ОСТАНАА БЕЗ ПОКРИВ НАД ГЛАВАТА - страшен пожар го пеплоса нивниот стан, општината апелира за помош
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски апелира сите граѓани кои се во можност да им помогнат на семејство од општината кои за жал останаа без покрив на главата поради пожар кој го пеплоса нивниот стан.
- Синоќа околу 20 часот избувна пожар во стан од зграда на улица Бриселска, позната меѓу карпошани како „7-та руска зграда“, во населбата Тафталиџе 2. Од
огнот целосно се опожарени станот и покуќнината, но за среќа нема жртви и повредени.
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски заедно со членови од одделението за Заштита и спасување на општината, беше присутен на лице место и веднаш по гасењето на пожарот, ги задолжи службите на Општина Карпош да дојдат во текот на денешниот ден, за да го расчистат станот од изгорената покуќнина.
Јакимовски исто така кажа дека тој и Општина Карпош ќе помогнат на трочленото семејство како со човечки капацитети, така и финансиски, бидејќи станува збор за самохран родител, татко со двајца синови тинејџери.
Градоначалникот Стевчо Јакимовски упатува апел и до сите други граѓани, институции и добри луѓе, да му помогнат на ова семејство, за да им се врати достоинството во нивните животи - стои во објавата на општина Карпош.
