ТАТКО МУ БИЛ ОД СКОПЈЕ - Ернесто Талви се тркаше за претседтел на Уругвај
За претседател на далечниот Уругвај денеска се тркаше и „наш човек“, или прецизно граѓанин со македонско потекло. Тој беше еден од кандидатите на денешните избори во таа држава.
Се работи за Ернесто Талви, чии татко е Македонец од Скопје.
BBC за него пишува дека е економист кој е едуциран во Чикаго, син на имигранти од Македонија и Куба. Tаткото, роден скопјанец, се викал Мануел Талви и има еврејско потекло.
Кандидиран е од една од најстарите и најуспешни партии во Уругвај, партијата Колорадо. Засега е трет и веројатно нема да влезе во вториот изборен круг.
Денеска во Уругвај се одржуваа претседателски избори. На изборите треб да бидат пополнети и сите места во Претставничкиот дом и во Сенатот.
Економист едуциран од Чикаго, син на имигранти од Македонија и Куба
„Ја насочи својата кампања за едукација, со цел да создаде 136 јавни средни училишта во лишени населби. Повика на помалку тежок пристап кон програмите за криминал и рехабилитација на затворениците“, пишува BBS за кандидатот со македонско потекло.
Фото: BBS
