ТАТКО И СИН СЕ СТЕПАЛЕ И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА - нов случај на семејно насилство, МВР го рачистува случајот
Полициски службеници од ОВР - Неготино синоќа во 23 часот ги лишиле од слобода 50-годишник од неготинско село и неговиот 28-годишен син, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, синот со употреба на остар предмет се обидел да го нападне неговиот татко, а тој со дрвен предмет го нападнал синот, кој се здобил со повреди, констатирани во Општа болница - Кавадарци.
Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес, предметите биле пронајдени и одземени, а тие биле задржани во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Неготино.
- По документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, додадоа од СВР - Велес.
Слично
