Економија, финансии, бизнис

Контакт

Татко и син прегазени во Скопје

Татко и син прегазени во Скопје

Татко и неговиот осумгодишен син вчера биле прегазени од автомобил на улицата „Перо Наков“ во Скопје. Според информации на МВР вчера во 19.00 часот патничко моторно возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р. (29) од Скопје, удрило во пешаците Б.Д.(41) и едно осумгодишно дете од Скопје.

Б.Д. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар, каде му е укажана лекарска помош и му се констатирани телесни повреди и истиот е задржан за понатамошни испитувања.

Детето со друго возило било пренесено во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде му е укажана лекарска помош и констатирани му се тешки телесни повреди и е задржано за понатамошно лекување.


Слично

Поврзани вести