Татко и двајца синови се упасени поради напад врз вработени во АД „Бутел“ - користеле гасен пиштол, боксирач и нож
Три лица од скопје, татко и неговите синови, се уапсени откако вчера на гробиштата во Бутел нападнале и повредиле двајца вработени во АД „Бутел“, објави Министерството за внатрешни работи и најави дека ќе добијат и пријава.
- На 07.04.2026 во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје - гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож).
Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“.
Имено, според пријавеното, вработените ги забележале лицата во близина на едно гробно место и бидејќи од претходно им биле познати како извршители на кривични дела „тешки кражби“ ги предупредиле дека ќе повикаат полиција, по што биле нападнати - појаснуваат од МВР.
Од таму додаваат дека тројцата се приведени и задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
