ТАСЕВСКИ ЖЕСТОКО ЗА ДОКУМЕНТИТЕ: Имаме право сите да тужиме. Вакви имбецили никогаш не ја воделе Македонија
Темата промена на пасоши и останати документи продолжува да бранува во македонската јавност.
На оваа тема денеска се огласи и актерот Сашо Тасевски, кој истакнува дека во право се луѓето кои поднеле тужби и потенцира дека некој што има важечки документи не треба да ги менува.
- Во право е жената што ги тужела Таче и Заев за документите, си знае право и добро е што не подучи.
Ако пред една година си извадил нова лична карта која трае 10 години и државата сега ти вика не важи тоа што сум гарантирала, ќе си вадиш нова и ќе си платиш за новата, тоа е измама. Државата се стекнува со материјална корист на штета на граѓаните. И тоа баш пред избори.
Имаме право сите да тужиме. Поединечно. Бесплатно. Дури таа жената се понуди секој што сака да тужи да и се обрати ќе му прати копија од нејзината тужба.
А во меѓувреме Грција не сменила ниту еден патоказ на кои се уште сме Скопија.
Вакви имбецили никогаш не ја воделе Македонија.
Тие се поголеми од самата имбецилност.
На имбецилноста и е срам од нив - напиша Тасевски на Фејсбук.
Неговиот пост предизвика бројни реакции:
