Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАСЕВСКИ: Започна одмотување на клопчето во М-НАВ

ТАСЕВСКИ: Започна одмотување на клопчето во М-НАВ

Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ вечерва во интервју за Телма изјави  дека со настаните од 4-ти месецов, почна одмотување на клопчето во М-НАВ. 

„Тоа не е настан кој резултира од грешките од вчера или завчера, туку покажува дека целиот овој период погрешно била поставена целата постапка, кој лица биле вработени во службите за обезбедување, каква била нивната задача, дали имале други активности, кога во одреден момент се договориле да направат напад врз контролор на летање, но законодавството да си ги одговори овие прашања“, изјави во вечерашната Топ Тема на Телма, Александар Тасевски, претседател на синдикатот на М-НАВ.

На прашањето дали е влезено во контролната соба рече дека за тоа треба да одговори истрагата. Тасевски вели дека обвинувањата на премиерот Димитар Ковачевски за непотизам се само за да се направи дефокус. 

Слично

Поврзани вести