Тасевска е новата пратеничка на местото на кумановскиот градоначалник
Лидија Тасевска е новата пратеничка од редовите на СДСМ која ќе ја пополни позицијата испразнета од Максим Димитриевски кој стана нов градоначалник на општина Куманово.
Нејзиниот мандат до крајот на недела ќе стане и официјален, кога Државната изборна комисија ќе го издаде сертификатот за новите пратенички мандати кои ќе влезат во законодавниот дом на местото на оние пратеници кои станаа градоначалници.
Тасевска по професија е наставник по македонски јазик и литература со долгогодишно искуство во кумановската Гимназија „Гоце Делчев“, а пред неколку години стана и директор на средното економско училиште „Перо Наков“.
Потпретседател е и на Форумот на жени на СДСМ од Куманово.
Слично
