ТАРИФИТЕ СЕ АЛАТКА ЗА СОЗДАВАЊЕ „СТРАТЕШКА НЕИЗВЕСНОСТ“: еве што откри американскиот министер за финансии
Американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави денес дека бурната царинска политика на претседателот Доналд Трамп, која ја тресе глобалната економија, е средство за создавање „стратешка неизвесност“ со цел да се фаворизира Америка.
Откако се врати на претседателската функција во јануари, Трамп воведе царини од најмалку 10 проценти за повеќето трговски партнери на Америка и посебна дополнителна царина од 145 проценти за повеќето кинески стоки што влегуваат во Соединетите Држави.
Пекинг возврати со воведување на свои царини од 125 проценти за американски производи.
„Во теоријата на игри, зборуваме за стратешка неизвесност, што значи дека нема да му кажете на лицето од другата страна во преговорите каде ќе завршите“, изјави Бесент за ABC.
Бесент додаде дека никој не е во подобра позиција од претседателот Трамп да создаде таква предност.
Многу поголеми царини би можеле да стапат на сила во јули, по одложувањето што го најави Трамп.
На прашањето за напредокот на трговските разговори на администрацијата на Трамп со земјите погодени од царините, Бесант избегна директен одговор, велејќи само дека некои преговори „напредуваат многу добро, особено со азиските земји“.
Засега, Вашингтон им даде приоритет на разговорите со сојузничките земји како што се Јапонија, Јужна Кореја и Швајцарија.
Извор: Н1.рс
Фото: Принтскрин/Јутуб
