„Таргет – Тврдина“ повторно го седнува на обвинителна клупа екс директорот на тајната полиција
Случајот „Таргет – Тврдина“ во кој екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков се товари за нелегалното прислушување денес со нов обид за старт.
Рочиштето за денес беше презакажано откако на 22 декември стартот пропадна бидејќи беа неисполнетите законските услови за да се одржи судењето, односно обвиниетите не ја доставиле листата на докази во повеќе, туку само во еден примерок.
Од одбраната тогаш ветија дека уште во текот на истиот ден доказите ќе ги достават и до СЈО.
Мијалков е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластувањето и примање награда за противзаконито влијание. Во овој предмет се споени двете истраги на СЈО, а покрај Мијалков, обвинети се и поранешните началници во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за фалсификување службена исправа.
Обвинението е подигнато на ден 30 јуни оваа година, при што 4 лица се опфатени со обвинителен акт за кривичните дела Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службената положба и овластување“и „Фалсификување службена исправа“. Додека пак 8 лица се обвинети со обвинителен предлог за кривичните дела „Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службената положба и овластување“,„Фалсификување службена исправа“ и „Примање награда за противзаконито влијание“.
Минатиот месец едно лице обвинето во овој случај ја призна вината и за него судењето заврши. На обвинетиот, чиј идентитет не се соопштува, му била изречена алтернативна мерка – условна осуда за помагање на сторител во извршено кривично дело. Судската постапка за ова лице беше завршена тајно поради заштита на неговата безбедност, бидејќи осудениот освен што ја признал вината, дал и придонес во докажувањето на делот со бришењето на логовите од прислушувањето во УБК.
На обвинителна клупа треба да седне и екс министерката за внатрешни Гордана Јанкулоска.
