Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тарчуловски од петни жили ги убедува Црниче и Пржино

Тарчуловски од петни жили ги убедува Црниче и Пржино

Тарчуловски се врати во Црниче и Пржино во општина Кисела Вода во обид да се извади за претходниот скандал во кој беше фатен на снимка како вели дека на жителите од овие населби нема да им гради атмосферска канализација затоа што не сакале да го примат и го плукале од прозор, но затоа први кои ќе ги видат бенефитите од неговото владеење се населбите кои му донеле најмногу гласови.

Во еден привиден обид да се покаже конструктивност пред десетина луѓе Тарчуловски ветува „мега“ проект од 1,7 милион евра за изградба на атмосферска канализација во 15 улици од Пржино, а нема да бидат изоставени ниту жителите на Црниче. 

Големи капитални инвестиции за Пржино и Црниче од 110 милиони денари. Ова е вистината, ќе инвестираме за сите луѓе, за секое маало, за секоја педа во Кисела Вода. За сите луѓе, за сите граѓани. Подеднакво. Ќе решаваме проблеми, рече Тарчуловски.


Слично

Поврзани вести