Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

Максим Димитриевски од ЗНАМ изјави дека доколку продолжи да се користи албанското знаме како што тоа беше на координативната средба со министрите од „Вреди“, тој ќе излезе од владината коалиција. 

Арбен Таравари од „Вреди“ кажа дека Димитриевски е во изборна еуфорија и дека албанското знаме не треба никој да го попречува, тоа е официјално и за тоа не треба да се разговара.

„Мислам дека опозициските партии го злоупотребуваат ова. Додека Максим Димитриевски е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална и не може никому да му попречи. Ако тоа е причината за напуштање на владата, тој мора да одлучи. Максим Димитриевски доби албански гласови кога беше избран за градоначалник на Општина Куманово. Пак ќе има избори и ќе ја смени реториката. Вчера кружеа фотографии на кои се гледа дека во неговиот кабинет има албанско знаме. Мислам дека тоа е повеќе популизам отколку сериозност“, додаде Таравари.

Димитриевски поставувањето на албанското знаме на координативната средба го нарече ДУИ-стичко однесување.

Билал Касами од коалицијата „Вреди“ вели дека Максим Димитриевски не треба да зборува на таа тема.

Слично

Поврзани вести