Смета дека оваа Влада нема да „плови“ подолго од пет - шест месеци. За својот коалициски партнер Алтернатива Таравари нема лоши зборови, особено има убави зборови за нивниот лидер Африм Гаши.
„Африм е еден од најхуманите луѓе што ги имам сретнато во животот. Можеби имавме грешки во коалициската соработка кон нив, можеби имаа грешки и тие, не постигнавме добри резултати како албанска опозициска коалиција на изборите иако имавме многу добри кандидати. Беким Сали во Чаир веројатно беше најдобриот кандидат од сите што имале свои кандидати на локалните избори. Но не успеавме. Се разбира, секоја партија понатаму има право на сопствени одлуки“, изјави Таравари за Шења.
