Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари во Емиратите, бара инвеститори за македонското приватно здравство

Таравари во Емиратите, бара инвеститори за македонското приватно здравство

Министерот за здравство Арбен Таравари при посетата на Обединетите Арапски Емирати објави дека се разгледуваат можности „Бурџил Медикал Сити“ и „PureHealth“ да инвестираат во македонското приватно здравство.
Тој оствари средба со д-р Муџтаба Али-Кан, извршен директор на ,,Бурџил Медикал Сити", на која, како што објави Министерството за здравство, се разговарало за функционирањето на приватниот здравствен систем, размена на искуства меѓу лекарите од двете земји и практикување на најдобрите искуства во современата медицина.

-Одлични се можностите кои овој болнички центар ги нуди за пациентите. ,,Бурџил Холдингс" е лидер во приватното здравство во ОАЕ и на Блискиот Исток. Има значителен интерес за инвестирање во приватно здравство во Македонија, истакна министерот.

Во „PureHealth“ во Абу Даби тој оствари средба со Мохамед Ал Зааби, одговорен за инфраструктура и проекти. На средбата биле разгледани можностите за инвестиции во здравствениот систем на Македонија, со користење на искуствата на „PureHealth“.

- „PureHealth“ е најголемата интегрирана здравствена мрежа во Обединетите Арапски Емирати и Блискиот Исток, која опфаќа повеќекатегориски систем што вклучува болници, клиники, дијагностика, осигурување, фармација, здравствена технологија, набавки и други сегменти, објави министерството.


Слично

Поврзани вести