Таравари во дуел со Заев: Мурто Амнестија запнал со Гостивар
Арбен Таравари веднаш му возврати на премиерот Зоран Заев, кој во емисијата „360 Степени“ коментирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дека во Гостивар му приоѓале и го гушкале Албанци, тој рече дека можеби тоа бил градоначалникот на Гостивар.
„На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски, ниту слободата на Велјановски, ниту затворот на Фета Алими, запнал со Гостивар“, следуваше краток коментар од поранешниот министер за здравство и актуелен секретар на Алијансата за Албанците на социјалните мрежи.

Заев во телевизиското интервју рече дека „Мицкоски веројатно не го препознал Таравари, може тоа Таравари го гушкал”.
„Дај Боже да дочека Албанците да го гушкаат, но за тоа треба да го промени својот наратив прифатен од неговиот претходник. Веројатно не го препознал, или Таравари бил, или некој од неговиот тим”, изјави Заев.
