Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ: Во Бугарија, Турција, Србија ќе бидат однесени по неколку пациенти

ТАРАВАРИ: Во Бугарија, Турција, Србија ќе бидат однесени по неколку пациенти

Mинистерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека 20 пациенти се критични. 

Крв има доволно во сите болници. Се надева дека ќе ги спасат сите деца. Во Бугарија, Турција, Србија ќе бидат однесени по неколку пациенти. Се понудила и Албанија и Холандија. Таравари вели дека се работи генерално за изгореници, но има и дел со скршеници. Во Штип има 39 пациенти. Некои од нив имаат изгореници од втор степен. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека ќе помогнат. 

„Понудив, во име на Србија, а претседателката на Северна Македонија прифати, да испратиме хеликоптери и други медицински транспортни средства, медицински тимови, како и да примиме во болниците во Србија голем број од повредените во трагедијата во Кочани“, рече Вучиќ. 

Во пожарот во дискотеката во Кочани ноќеска настрадаа 59 луѓе. 

Слично

Поврзани вести