Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари вети инвестиција во Ласкарци во знак на благодарност

Таравари вети инвестиција во Ласкарци во знак на благодарност

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, во својата канцеларија ги прими неколкутемина жители на Ласкарци кои помогнаа да се спасат тешкоповреднеите во автобуската несреќа која одзеде 15 животи.

Утре попладне ќе го посети местото на настанот,за да им се заблагодари на сите жители и ќе побара предлози од нив за некој инфраструктурен проект кој што Општина Гостивар, во рамки на можностите ќе може да го реализира како донација во знак на благодарност кон пожртвуваноста на хероите.

„Преку овој проект, би сакал ние како гостиварци да ги зајакнеме односите со жителите на Ласкарце, секогаш да се сеќаваме на овие херои и ова да послужи како пример за хуманост и солидарност“ подвлече градоначалникот Арбен Таравари.



Слично

Поврзани вести