Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари вели дека уставните измени мора да се случат

Таравари вели дека уставните измени мора да се случат

Уставните измени мора да се случат, вели претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. 

Вели дека има јасни сигнали дека Македонија ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија. Додава дека сега веќе се гледаат јасни сигнали и од македонската опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, дека се спремни да ги гласаат уставните промени. 

„Не е важно како ке изгледа следната влада, или како ќе се организира владата во следните шест месеци, тоа што е важно е дека се даваат јасни сигнали дека Северна Македонија најверојатно ќе ги отвори преговорите со Европската Унија заедно со Албанија“, рече Таравари.

Кажа воопшто не би било добро ако државата не ги започне преговорите со Европската Унија. 

ДУИ е спремна на отстапки, само ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени. 

Oд ДУИ се подготвени да се откажат од сите досегашни позиции, вклучително и од барањето за премиер Албанец, а премиерското место да му го отстапат и на ВМРО-ДПМНЕ, но само под услов промената на Уставот да стапи на сила пред втората меѓувладина конференција. Потребно е Бугарите да влезат во македонскиот Устав. 

Слично

Поврзани вести