Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари вели дека преговараат и со пратеници од СДСМ

Таравари вели дека преговараат и со пратеници од СДСМ

Има интерес од повеќе пратенци коишто се членови на СДСМ, што се незадоволни од криминалното владеење на СДСМ и ДУИ, вели Арбен Таравари од Алијансата за Албанците за новото мнозинство. 

„Имаме и други пратеници коишто се дел од мнозинството и мислам дека треба да се случи промената и државата да почне да чекори кон прав пат, да се декриминализира“, истакна Таравари на Канал 77.

Тој додаде дека траењето на оваа Влада би била околу година и пол, со цел прво да се расчистат и декриминализираат институциите од ДУИ, па дури потоа, според него, може да се организираат фер и демократски избори.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа објави дека има нови парламентарно мнозинство. Во него влегуваат Алијанса за Албанците, БЕСА и Левица. 

Слично

Поврзани вести