Таравари со „сефте“ во Тетовската клиника, го искритикува Тодоров за проблемите
Арбен Таравари чија официјална, но симболична промоција како нов министер за здравства беше прекината вчера поради нападот врз Тодоров, денес ја посети тетовската клина за која вели дека најмногу и се потребни инвестиции.
Токму затоа и оваа прва посета на новиот министер за здравство не е случајна, при што Таравари упати и серија критики на адреса на неговиот претходник Тодоров кој го посочи како виновник за проблемите во здравството.
Таравари вети промени во здравството и регулирање на односот лекар-пациент и не ја исклучи можноста за промена на директорите на болниците. Тој рече дека овие промени ќе се реализираат во период од 4 до 5 месеци, и дека за таа цел ќе се формира посебна комисија.
Слично
