Таравари со емотивно обраќање - Министерскиот стол не е кралски, туку дрвен со клинци
Новиот министер за здравство Арбен Таравари емотивно се обрати преку неговиот Фејсбук профил за новата функција која ја извршува и колку таа го променила сега неговиот живот во кој нема воопшто време да ги види своите деца, но чуствува огромна обврска кон сите граѓани.
- Тргнав за на работа, рано е. Од стаклата на мојот министерски автомобил гледам лица на луѓе кои не ме гледаат, но, кон сите нив имам обврска ...Пред неколку дена бев назначен за министер за здравство. Значи дека неколку дена има што ја оставив мојата работна канцеларија, има неколку дена што се будам во 7 часот наутро и си одам дома во 23 часот навечер, децата ги оставам и ги наоѓам во спиење, додека сопругата и родителите ме чекаат и испраќаат, и сум повеќе од сигурен дека мајка ми спие и помалку од мене, јас сум и син единец и е секогаш загрижена.
Се мислам, колку луѓе сум видел да седнат на кралски престол, кога ќе станат министри, и си велам, дека тука нешто не е во ред ... јас чувствувам дека тоа е всушност дрвен стол со клинци кои повремено излегуваат, воопшто не е комотен стол, барем мојот!
Како можам да се чувствуваат удобно кога се уште има пензионери кои треба да дадат целата пензија за една анализа! Кога се уште има луѓе кои се болни и не одат на лекар оти немаат пари?! А од друга страна, кога болниците се полни со квалификувани доктори, но финансиски непочитувани?!
Кога еден од најболните масовни егзодуси е токму егзодусот на лекарите кои ни ги зема Германија, Швајцарија и развиениот свет! Овие работи ги мислам и затоа фотељата во мојата канцеларија ми изгледа толку непријатна! Често се прашувам дали ќе успееме?! Но, потоа ќе излезе друга работа и не мислам подолго.
Всушност јас не знам дали ќе успеам, од друга страна знам дека ризикот да не се реализира 100% од нашата визија е премногу висок, но доколку суштината се реализира, ќе биде успех!
Јас не ветувам дека нема да згрешам, но јас ветувам дека ќе се обидам максимално и искрено, да се постави еден нов однос лекар-пациенти!
Почувствував потреба да ги споделам овие зборови со вас. Вие всушност сте моите најблиски соработници, и мотивот што го избрав овој предизвик. Вашите честитки се доказ на вашата почит и љубов, вашата вербата е привилегија и одговорност.
Јас нема да можам да ги реализирам условите за идеална медицинска услуга, Македонија не може да биде утопија, но јас ќе се борам со сите мои сили, вие и јас да имаме Достоинство, едни со други!
Да бидеме семејство, лекарот да биде рака на потпирање а не џеб што треба да се наполни, а самиот лекар да се чувствува високо почитуван во својата професија, напиша Таравари.
