Таравари си ја дочека интерпелацијата од ВМРО-ДПМНЕ
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ влегува во се пожесток дуел со министерот за здравство Арбен Таравари кој го прогласија за најлошиот досега бидејќи му се случиле повеќе фатални последици кај пациенти иако засега никој официјално не дал потврда дека навистина има почината 25 годишна девојка поради погрешна дијагоноза.
ВМРО-ДПМНЕ го обвини Таравари дека во период на катастрофални услови во здравството тој бил на плажа, па затоа и покренале постапка за интерпелација која вчера министерот и кажа дека ја чека во пост на Фејсбук кој дополнително ја налути опозицијата.
- Поднесовме интерпелација за која треба да гласа секој пратеник без оглед на партиската определба, бидејќи здравјето на граѓаните е поважно од се. Во Македонија веќе не смее да умираат луѓе поради хаосот кој го создава неспособниот Таравари“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
