Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари: СДСМ е нестабилна поради фракциите во неа, но има и неисполнети ветувања

Таравари: СДСМ е нестабилна поради фракциите во неа, но има и неисполнети ветувања

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вели дека СДСМ е нестабилна поради фракциите во неа, но има и неисполнети ветувања кон граѓаните. 

Според него, ако Алтернатива влезе во таа Влада, тоа ќе биде нивна одлука, но смета дека таа Влада нема долго да трае и дека идната година ќе биде изборна. 

„Пред година и пол излеговме со Гаши на парламентарни избори и добивме гласови од граѓаните против политиките на ДУИ. Договорот беше потпишан за четири години и секако, тие не мора да се придржуваат до договорот. Нивна работа е каква одлука ќе донесат и таа одлука Алијанса за Албанците ќе ја почитува. Но сепак, сметам дека доколку влезат во влада, таа влада нема да биде одржлива“, рече Таравари.

Вели дека како коалиција на изборите Алијанса за Албанците и Алтернатива добиле околу 82 илјади гласови. СДСМ и Алтернатива преговараат. Можно е Алтернатива да влезе во Владата. И претходно двете партии разговараа, но засега нема договор. 

Слично

Поврзани вести