Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари разрешен од претседател на Алијанса

Таравари разрешен од претседател на Алијанса

Арбен Таравари денеска е разрешен како претседател од Собранието на Алијанса за Албанците.

Се работи за крилото на претседателот на Централното Собрание и екс претседател на партијата, Зијадин Села.

Според информации, „За“ гласале 106 членови, 1 бил „против“ и еден отсутен.

Таравари одлучи за парламентарните избори да се приклучи кон албанскиот опозициски блок додека Алијанса за Албанците е дел од владината коалиција.

Оваа одлука треба да ја верификува партискиот конгрес на 18 февруари, а засега нема информација кој би можел да биде наследник на Таравари.

„Неуспешни се напорите на ДУИ и сценаристот Груби да не дефокусираат „чија е партијата“.

Од денес повеќе не се занимаваме со оваа работа. Секој што има поплаки нека се обрати до Судот.

Нашата кауза е промената што започнува!“, објави набрзо потоа Таравари, кој не присуствуваше на седницата на Собранието.


Слично

Поврзани вести