Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари против Законот за бранителите: Ќе разговараме со ВМРО-ДПМНЕ

Таравари против Законот за бранителите: Ќе разговараме со ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата Вреди, Арбен Таравари најави разговори со коалициониот партнер од Владата, ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за бранители кој е на дневен ред на Собранието.

„Како партнер мора да седнеме и да разговараме, ако има решение тоа да биде взаемно, односно да има решение за двете страни. Ќе направиме напори да го спречиме и ќе разговараме како коалициски партнери Вреди и ВМРО-ДПМНЕ“, нагласил Таравари.

Како што рече тој, законот влегол во собраниска процедура од средината на јануари годинава кога технички премиер беше Талат Џафери, а на власт беа ДУИ и СДСМ, и додава дека не треба да се манипулира јавноста поради тоа.

„Законот бил предложен кон средината на јануари годинава кога премиер беше Талат Џафери и на седницата на Собранието кога требаше да бидат разрешени двајцата министри Фатмир Меџити и Азир Алиу. Тогаш реагираше пратеникот Халил Снопче кој побара да не се гласа за овој предлог-закон за да влезе на дневен ред, но тогаш ДУИ не расправаше ниту се обиде да го спречи да влезе во процедура“, рече тој во интервју за Алсат.

Инаку од Вреди вчера порачаа дека нема да дозволат усвојување на овој закон доколку истиот не биде во пакет со законот за решавање на статусот на војниците од поранешната УЧК.


Слично

Поврзани вести