Таравари: Порано имавме највисока доверба, сега е падната за неколку места
Поранешниот министер за здравство Арбен Таравари, како гостин на ТВ Алфа, изјави дека, според некои интерни анкети, довербата на граѓаните во министерството била највисока од сите владини институции, но сега таа е падната за неколку позиции.
Во текот на гостувањето Таравари спомна дека минатата година се правело анкета за тоа колку граѓаните имаат доверба во министерства. На таа анкета минатата година Министерството за здраство били на прво место, и тоа пред премиерот. Но, сега се наоѓало на трето или четвро место од долу на листата.
Таравари истакна дека оставиле министерство со најголема доверба, а сега е меѓу последните на листата.
-Ова е таман работа за оставка. Ова е скандал. Досега оваа влада, оваа година немала поголем скандал од ова. И поголема причини од оваа за оставка, не знам дали може да има, изјави Таравари, мислејќи на фамозниот тендер од 36 милиони евра за реагенси и централизирање на лабораториите.
Таравари изјави дека во последните три месеци од државата се иселиле 110 доктори и ова било најголемо иселување во последните десет години.
