Таравари: Пораката на маршот е да не се повторат претходните грабежи
Kоалицијата Алијанса-Алтернатива вечерва одржува демонстративен марш поради пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.
Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за Тв 21 изјави дека пораката на маршот е да не се повторат претходните грабежи и криминали кои се случуваат во последните 18 години.
Тој вели дека преговараат за составување на Влада.
„Многу тешко и скоро невозможно е да се направи коалиција со ДУИ, тоа е најтешко и неверувам да биде, меѓутоа повторно одлучуваат органите на партијата“, рече Таравари.
Маршот почна во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе помине пред Влада и планирано е да заврши пред канцелариите на делегацијата на Европската унија.
Слично
