Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари подготвува табли и со албански јазик за Клиничкиот центар

Таравари подготвува табли и со албански јазик за Клиничкиот центар

Новиот министер за здравство Арбен Таравари веќе нарачал изработка на информативни табли за Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје на кои покрај македонски и англиски ќе стои и албанскиот јазик, а за нивно поставување ќе се чека на новиот закон за употребата на јазиците.

Таравари тврди дека наскоро ќе се спроведе употребата на албанскиот јазик низ целиот клинички центар во Скопје каде што се упатуваат пациенти од цела Македонија. За таа цел како што рече веќе издал наредба службите да дејствуваат.

Проектот Ало докторе, кој почна да се спроведува од септември 2014 година, исто така ќе стане двојазичен. Наскоро лекари кои зборуваат Албански ќе можат да ги советуваат и упатуваат пациентите на нивниот мајчин јазик. Пред неколку месеци, од Клиничкиот центар изјавија дека ниту еден лекар Албанец не конкурирал на отворениот конкурс за овој проект.

Слично

Поврзани вести