Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

Mинистерот за здравство, Арбен Таравари вели дека петмина пациенти од странство денеска се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба, но засега се стабилни. 

Бројот на повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваат надвор од земјата, денеска изнесува 113. Двајца пациенти, еден од Србија и една пациентка од Бугарија се вратиле вчера. 

Тие ќе бидат сместени во домашните клиники во првите 24 часа, како што е предвидено, под медицински надзор, а потоа ќе бидат пуштени на домашно лекување доколку не се утврди потреба од дополнителна хоспитализација.

По нивното враќање, бројката на пациенти што продолжуваат да се лекуваат во странство ќе се намали на 108. Сите пациенти што се враќаат се со изгореници.

„Да внимаваме што кажуваме бидејќи флуктуираат состојбите“, рече министерот. 

На 16 март во дискотеката Пулс во Кочани во пожар загинаа 59 луѓе, а над 140 беа повредени. Во десетина земји повредените се однесени на лекување. 

Слично

Поврзани вести