Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА: Moжно ли е Весна Јаневска да го замени на министерското место?

ТАРАВАРИ ОДИ ВО ОПОЗИЦИЈА: Moжно ли е Весна Јаневска да го замени на министерското место?

Oткако министерот за здравство Арбен Таравари синоќа потврди дека заминува од власта и оди во опозиција, министерката за образование Весна Јаневска денеска изјави дека е премногу рано да се размислува за евентуално нејзино преземање на Министерството за здравство. 

Јаневска изјави дека тоа прашање е во надлежност на преговарачкиот тим на Владата и на премиерот.

„Тоа е нивна работа, тие ќе кажат како ќе биде“, вели министерката.

Таа додаде дека разговори на таа тема ќе се водат дури откако ќе дојде соодветниот момент.

Таравари кажа дека се враќаат кај граѓаните. Според него, имало и незадоволство поради балансерот и Законот за јазици. 

Слично

Поврзани вести