Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари обвини дека премиерот нудел пари на пратеници, Заев бара извинување или ќе тужи

Таравари обвини дека премиерот нудел пари на пратеници, Заев бара извинување или ќе тужи

Премиерот Зоран Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации од градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници, реагираат од Владата.

Додаваат дека за оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини.

Таравари во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител изјави дека пратеничка од партијата Алијанса на Албанците добила парична понуда за да прејде во актуелното парламентарно мнозинство. Тој кажа дека во оваа држава може се да направи.

„Пратеничката добила понуда од другари од премиерот и лично од премиерот“, рече Таравари.

Тој додаде дека ова е циркуз држава. 

Слично

Поврзани вести