Таравари: Новиот вицепремиер за добро владеење ќе дојде од Брисел, таму е роден
Арбен Таравари, еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 рече дека Арбен Фетаи, кој ќе биде назначен за нов вицепремиер за добро владеење (за борба против корупција) се родил и живее во Брисел, а во Македонија би дошол да биде функционер на една-две години.
- Роден е и живее во Брисел. Ќе се врати специјално барем една до две години да биде тука во Македонија. Мислам дека има најдобро CW од сите што живеат во Македонија. Човекот ќе ја остави работата и семејството за дореден период да биде тука и да работи посебно на темата - транспарентност, рече Таравари.
Тој потврди дека ќе биде нов министер за здравство. Тој јавно објави и дел од имињата на министрите од коалицијата ВЛЕН.
Потврди и дека Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, а Фатмир Лимани сигурно ќе биде министер за социјална политика.
