Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари: Немам магично стапче, но Македонија треба, мора и ќе има подобро здравство

Таравари: Немам магично стапче, но Македонија треба, мора и ќе има подобро здравство

Министерот за здравство, Арбен Таравари, на социјалните мрежи пишува дека е загрижувачка високата стапка на смртност кај новороденчињата во Македонија. 

„Чувствувам должност, но и одговорност да ви се обратам во врска со најважната битка во нашето здравство. Битка која за жал многу медиуми ја користат за собирање на поени за одредени политички партии но и најпоразително од сѐ, битка која за жал, неуспешно била водена во изминативе 25 години – битката за нашите новороденчиња. Јас, како и никој друг, немам магично стапче. Загрижувачката бројка на смртност кај новороденчињата и мене ме погодува, не само како министер туку и како човек и како родител. Не, јас немам магично стапче. Но, имам волја. Имам упорност. Имам одлучност и најважно од се, сигурност, дека Македонија треба, мора и ќе има подобро здравство. Се додека седам на ова столче, ветувам дека мој приоритет ќе бидат децата бидејќи тие се наша иднина, наша светлина и наша гордост. И оваа битка ќе ја водиме за нив. Бидејќи тоа тие го заслужуваат од нас“- пишува Таравари.


Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека за една недела неколку детски животи згаснаа поради неспособноста на новата Влада. 

Почина тројка, бебе почина на ГАК, имаше смртен случај со две годишно дете во Охрид, бебе почина во Струга, но и во Кичево. 

Слично

Поврзани вести