Таравари нема докази за купување на пратеници, а доколку имал ќе отишол во Обвинителството
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари вели дека нема докази за поткуп на пратеници, и доколку имал ќе отишол во обвинителството.
Тој вели дека такви гласини се ширеле во кулоарите.
„Апсолутно мислам дека на седницата за недоверба на владата го самоизолирале Кастриот Реџепи. Можеби малку поткуп, малку притисок. ДУИ тоа го прави најдобро“, истакна денеска во емисијата „Само вистина“, градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари.
Тој претходно обвини за купување на пратеници, по што со соопштение реагираше премиерот Зоран Заев, кој побара извинување и се закани со тужба.
Слично
