Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари не верува дека со оваа Влада ќе добиеме датум, еве што предложи

Таравари не верува дека со оваа Влада ќе добиеме датум, еве што предложи

Градоначалникот на Општина Гостивар и генерален сектерат на Алијанса за Албанците  Арбен Таравари, се огласи по третото продолжение на снимките за аферата „Рекет“.

„Оваа Влада веќе нема никаков кредибилитет, барем на крај да направат еден рационален потег, што побргу да назначат Експертска (техничка) влада и да организираат предвремени парламентарни избори! Со оваа Влада, не верувам дека ќе има датум за почеток на преговори со ЕУ“, напиша Таравари.

Денеска од Италија одекна и третата тура „бомби“ за случајот „Рекет“. 

Во „бомбите“ денес се спомена и името на премиерот Зоран Заев, кој рече дека  осомничените му го злоупотребиле името. Со писмена изјава се јави и специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева која побара истрагата да го расчисти „Рекет“, за да се обели нејзиното име. 

Слично

Поврзани вести