Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ НАЈАВИ РЕВИЗИЈА: Зошто Бејта се повлекува од политиката?

ТАРАВАРИ НАЈАВИ РЕВИЗИЈА: Зошто Бејта се повлекува од политиката?

Досегашниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта од ДУИ, кој изгуби на изборите, најави дека се повлекува од политиката. Тој им се заблагодари на сите оние кои гласале за него и му ја честиташе победата на Арбен Таравари од „Алијанса за Албанците“.

Тој објави дека ќе се повлече од политичкиот живот на неопределено време.

„Ако јас сум потребен за мојата држава и моето општество, и ако бараат граѓаните јас ќе се ангажирам во политиката. Моето општество има инвестирано многу во мене за да работам за граѓаните“ - вели тој. 

Во вториот круг на локалните избори вчера, Бејта освои 15.955, а Таравари 16.920 гласа.

Новиот градоначалник на Гостивар, Таравари најави ревизија на работата на Бејта.

Таравари рече дека има сомнеж за многу „нечисти работи“ во општината и сака да види прво какви се состојбите внатре во општината. 

Слично

Поврзани вести