Таравари најави разрешување на Директорот на Фондот за здравство оти не одел на работа
На директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Стефановски до крајот на неделава ќе му биде врачено разрешување.
Ова го изјавил министерот за здравство Арбен Таравари за САКАМДАКАЖАМ.
Тој вели дека се уште не одлучиле кој ќе го замени Стефановски, но додава дека се во потрага по компетентен, професионален и совесен кадар.
Таравари ги потврди и неофицијалните информации дека размислуваат во Фондот за здравствено осигурување место двајца директори, како што е сега, да има само еден директор, како и тоа дека се размислува ФЗОМ да се спои со Министерството за здравство, а не да биде издвоена институција.
Слично
