Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ: На одговорност ќе бидат повикани сите кои несоодветно се однесувале со тримесечното бебе на Детската клиника

ТАРАВАРИ: На одговорност ќе бидат повикани сите кои несоодветно се однесувале со тримесечното бебе на Детската клиника

На одговорност ќе бидат повикани сите кои несоодветно се однесувале со тримесечното бебе на Детската клиника, вели министерот за здравство, Арбен Таравари. 

Семејството на бебето, како што додава министерот за здравство, а како што и претходно објави порталот „Икс“, се сомнева дека медицински сестри го нападнале детето.

Таравари вечерва во објава на Фејсбук информира дека дознал за случајот со тримесечното бебе кое се здобило со повреди при престојот на Клиниката за детски болести, а за кој првично објави порталот „Икс“. Семејството на бебето, како што додава Таравари, а како што и претходно објави медиумот, се сомнева дека детето било жртва на вработено лице во клиниката, по вербална расправија со медицинските сестри за време на приемот во болницата.

„Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети“, пишува Таравари во објавата на Фејсбук.

Семејството на бебето тврди дека расправијата се случила бидејќи мајката на детето не знаела да комуницира на македонски јазик. Детето е од Сарај. 

Слично

Поврзани вести