Таравари: Мораториум за некои специјализации од една година
Министерот за здравство Арбен таравари по средбата со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ, најави мораториум на одредени специјализации од една година, а предност ќе се даде на специјализациите за онкологија, радиологија, патологија и анестезиологија.
Таравари рече дека со Антовиќ се договориле приоритет да им се даде на специјализациите што недостигаат, а дека некои од септември ќе бидат забранети.
„Се договоривме во наредниот период да бидат приоритетни специјализациите што недостасуваат и да се ограничат некои специјализации кои се вишок, да има мораториум и верувам дека од овој септември ќе има некои специјализации кои ќе бидат забранети една година. Истовремено ќе им дадеме повеќе простор на некои специјализации кои недостигаат“, истакна тој денеска по средбата.
„Ова ќе го примениме веднаш, уште пред да влезе во закон. Се надевам дека од идната година ќе може да се вработат и 10 најдобри студенти“ рече министерот.
