Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари: Лично сум за прекин на соработката со Данела Арсовска

Таравари: Лично сум за прекин на соработката со Данела Арсовска

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари смета дека неговата партија треба да размисли за прекин на соработката со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Ваквата реакција на градоначалникот на Гостивар следува по вчерашното разрешување на в.д. директорот на „Комунална хигиена“ – Скопје, чиј брат употреби пиштол во вчерашниот инцидент кај плоштадот Скендербег.

– Не оправдувам употреба на оружје, но да се провоцира? Луѓе сме, реагираме афективно. Лично мислам, а не во име на партијата, бидејќи има партиски тела кои ќе го кажат последниот збор, дека ваквиот начин на функционирање, не вреди да се одржува повеќе. Треба сериозно да разгледаме и лично сум за повлекување на соработката со Арсовска, изјави Таравари.

За него инцидентот е провокација и „смислено сценарио на партиите на власт“, а полицијата само немо го следела настанот.

– Ќе видите полицајци кои стојат и не реагираат, а плус има и луѓе блиски од ДУИ облечени во цивилна облека, рече Таравари на гостувањето во „Студио 10“ на телевизија 24.


Слично

Поврзани вести