Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари: Крај на плаќањето на лекарите по учинок

Таравари: Крај на плаќањето на лекарите по учинок

Новиот министер за здравство Арбен Таравари кој доаѓа од коалицијата Алијанса за Албанците сеуште не ја презентирал во целост здравствената програма, но за почеток најави дека ќе укине неколку штетни прокети од претходната власта, меѓу кој и тој за плаќање на лекарите по учинок. 

Таравар за „Фокус“ тврди дека јавното здравство за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ било деградирано и девастирано. Според него, плаќањето по успешност против кое пред пет години, во 2012 година протестираа 1.200 лекари-специјалисти повеќе од 50 дена планира веднаш да биде укинато.

– Планираме системот да се врати во функција. Тоа што се случува е страшно. Плаќањето по успешност сигурно ќе го укинеме уште во старт. Тоа е лош проект, кој служи за казнување на лекарите, а ќе изнајдеме нов начин како да ја вреднуваме работата на лекарите. Исто така, планираме да има пет регионални центри како Градската болница „8 септември“, Тетовската клиничка болница, Штипската клиничка болница – тврди Таравари.

На прашањето дали планира да направи финансиска ревизија на медицинските апарати, за кои од СДСМ обвинуваа дека се дури 250 пати претплатени од реалните цени, тој додава:

– Секако. Тоа го планирам уште во првиот момент штом ќе станам министер за здравство. Дел од апаратите се донесени, платени, а воопшто не се користат. Мора да се направи под итно финасиска ревизија за набавката на медицинската опрема – вели Таравари за Фокус.

Слично

Поврзани вести