Економија, финансии, бизнис

Контакт

Таравари ќе може да разрешува директори, но дали ќе смее

Таравари ќе може да разрешува директори, но дали ќе смее

Градоначалникот Арбен Таравари ќе може да разрешува и именува директори на училиштата низ Гостивар, но најверојатно тоа ќе го може само на хартија, откако Министерството за образование и наука по девет месеци му ги врати ингеренциите.

Поранешниот министер за здравство откако победи пред една година како кандидат за градоначалник на Гостивар на локалните избори за брзо време се судри со централната власт. Таравари ги обвини дека со одземањето на лиценцата, државата ги штити директорите на училиштата назначени од редовите на ДУИ.

Раководителката на Секторот за јавни дејности, Аслијан Снопче, на денешната прес-конференција обвини дека по одземањето на ингеренциите, биле назначени нови директори од страна на Министерството за образование, а со почетокот на новата учебна 2018/2019 година новоназначените директори на голем број наставници не им ги продолжиле договорите, иако сите биле професионалци во својата работа и ги исполнувале сите законски услови за работа.

Слично

Поврзани вести