ТАРАВАРИ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА: Одлуката била донесена вечерва
Актуелниот претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, е кандидатот кој опозициските партии на Албанците обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ ќе го номинираат на претседателските избори на 24 април.
Тие во покана до медиумите испратија дека утре ќе има прес конференција на која тој и официјално ќе ја потврди кандидатурата.
-Ве покануваме, утре, четврток, 15 февруари 2024 година, со почеток во 10:00 часот, да присуствувате на вонредната прес-конференција, на која претседателот на Алијансата за Албанците, д-р Арбен Таравари ќе ја објави својата кандидатура за претседател на државата, како предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците, поддржано од Коалицијата Европски сојуз за промени – ЕСП.
Присутни на прес конференцијата ќе бидат и лидерот на Демократското движење, г. Изет Меџити, на Движењето Беса, г. Билал Касами, на Алтернатива, г. Африм Гаши, како и претставникот на Движењето Самоопределување!, г. Беким Ќоку. Прес-конференцијата ќе се одржи на градскиот плоштад во Гостивар, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.
