Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ КАЖА ДВЕ ОПЦИИ: Алијанса да стане дел од Владата, или избори веднаш

ТАРАВАРИ КАЖА ДВЕ ОПЦИИ: Алијанса да стане дел од Владата, или избори веднаш

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 рече дека има две опции. Според првата, можно е да станат дел од Владата, а втората опција се избори и тоа веднаш.

Таравари остави простор за две опции, едната како што вели тој по сугестија на меѓународниот фактор дека не е време за избори, и дека за прогресот на државата важни се уставните измени, и доколку тоа го бара членството на АА тогаш веројатно ќе станат дел од Владата.

Друга опција како што вели Таравари е да се оди веднаш на избори.

Таравари напомена дека 2023 ќе биде доста интересна година и дека може да биде слична на 2016 година.


Слично

Поврзани вести