Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТАРАВАРИ ЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКАТА: Oвој чекор е најдобар за институцијата и за моите лични принципи

ТАРАВАРИ ЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКАТА: Oвој чекор е најдобар за институцијата и за моите лични принципи

Mинистерот за здравство, Арбен Таравари и официјално ја поднесе својата оставка од функцијата до премиерот, Христијан Мицкоски.

„Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи. Ви благодарам за довербата и можноста да бидам дела од Владата во еден исклучително значаен период за здравствениот систем. Останувам отворен за соработка и поддршка во иднина секогаш водејќи се од јавниот интерес“, стои во оставката.

Инаку, Таравари одлучи да оди во опозицијата и како што кажа се враќаат кај граѓаните. Рече претходно дека имало незадоволство за балансерот и за Законот за јазици. Инаку, настана проблем откако Таравари откри дека се слушал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Слично

Поврзани вести