Таравари: Имаме убедлива победа, ДУИ и СДСМ правеа нерегуларности
Победи прогласи и Демократската Унија за интеграција ама и Алијанса на Албанците. Арбен Тарави вечерва изјави дека партијата е во убедлива предност пред ДУИ во изборните единици од каде имаат информации.
Таравари рече дека во текот на изборниот процес имало доста нерегуларности кои ги правеле СДСМ и ДУИ. Тврди дека заплашувале гласачи, бугарски воз во Липковско и Сарај, употреба на полиција.
Тој во изборниот штаб најави дека партиските лидери на коалицијата ААА, Зијадин Села и Африм Гаши, ќе се обратат пред јавноста на конференција во 23.30 часот.
Слично
