Таравари го спореди Заев со Никола Груевски
Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари го обвини премиерот Зоран Заев дека се однесува како бившиот премиер Никола Груевски. Жестоката реакција на Таравари следува откако Министерството за образование му ги одзеде надлежностите на градоначалникот во делот на образованието и за период од девет месеци. министерката за образование Рената Десковска изјави дека надлежностите му се одземени во делот на именување и разрешување директори на општинските училишта.
Одговарајќи на пратеничко прашање на денешната седница во Собранието, Десковска објасни дека причина за тоа е фактот што долго време не можело да се воспостави законитост во работењето во делот на образовнаието. Одговарајќи на прашањето зошто министерството работи под притисок на ДУИ, поставено од пратеникот Сурија Рушиди, Дескоска изјави дека причината е тоа што Таравари не ги почитувал законските одредби.
Таравари истовремено најави жалба до Основниот суд.
