Таравари гласал на претседателските избори
Претседателскиот кандидат од првиот круг, Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, објави дека гласал за парламентарните и на претседателските избори денеска.
За разлика од Таравари, повеќе функционери од ДУИ веќе се изјаснија дека не гласале на претседателските, туку само на парламентарните избори.
Во излагањето пред медиумите Таравари рече дека утре „утре ќе биде претставена првата програмска точка пред јавноста на коалицијата „Вреди“ - европскиот пат“.
– Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и ВЛЕН/ВРЕДИ, рече Таравари.
