ТАРАВАРИ: Досега 13 пациенти се испратени во странство
Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека сите пациенти се стабилни и во релативно добра состојба. Кажа дека 117 пациенти се во нашите болници, а 13 се испратени надвор од државата.
Во градска болница има 24, во Штип 31, во Кочани се 13. Тие 13 се пратени во Софија, Белград, Истанбул и Солун.
„Не очекуваме веќе да има некакви компикации кај тие што ја преживеаја оваа трагична ситуација“, рече министерот.
Објасни дека колегите од регионот му нуделе помош. Таравари вели дека се очекува и други пациенти да бидат испратени во странство.
Слично
