ТАРАВАРИ ДО МАКСИМ: Стана градоначалник со огромен број албански гласови, идната година се локалните избори
„Вреди“ и ЗНАМ си разменија критики. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека не му се допаѓа нивото на кое комуницира неговиот коалиционен партнер во Владата, Максим Димитревски, и не сака да го дискутира. Таравари вели дека Димитриевски станал градоначалник на Куманово со помош на албанските гласови и дека наредната година има локални избори и пак ќе му бидат потребни тие гласови.
„Гледам дека господинот Димитриевски сака да поентира за да добива политичка поддршка. Јас го потсетувам дека пред три години беше избран како градоначалник со огромен број албански гласови, идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат“, вели Таравари.
Димитриевски вчера кажа дека „Вреди“ не треба да го имитираат ДУИ, затоа што ДУИ е минато.
